Минатата година жителите на Германија испиле осум милијарди литри пиво, или 300 милиони литри помалку отколку во 2011 година, покажува статистиката. Тоа значи дека во Германија дневно се пијат по 22 милиони литри пиво, односон секој од 81 милион жители во просек дневно пие нешто повеќе од 2,5 децилитри пиво.
Во податоците се вклучени сите видови пиво, како и оние кои се мешани со лимон, но не и безалкохолните пива. Најмногу пивари во земјата која важи за земја на пивото има во Баварија, вкупно 616, или повеќе од половина од вкупниот број во државата, пренесуваа свестските агенции.