Иако бројот на странските туристи за Велигденските празници на ривиерата не е голем, тие уживаат во прекрасното време и убавините кои ги нуди Охрид.


Во најголем дел тие ги посетуваат културно историските знаменитости, а со посебно вниманиеа ги следат обичаите кои се одвиваат во црквите по повод Велигден. Германски брачен пар викендов специјално допатувал во Охрид за да присуствува на одбележувањето на Велигден во вториот Ерусалим. Ги сретнавме на Плаошник, кој, како што ни рекоа, ги воодушевил. Ни кажаа дека тука се прв пат и дека многу им се допаѓа Охрид.


– Ова е посебен град со прекрасно Езеро и ќе им го препорачаме на нашите пријатели. Сакаме да ги видиме Велегденските церемонии тука и затоа допатувавме во Охрид, ни кажаа брачните другари од Германија.


На прошетка низ стариот дел на Охрид забележавме и повеќе туристи од околните држави, кои исто така ни кажаа дека вечерва ќе ги посетат македонските верски храмови и ќе присуствуваат на Велигденските боголсужби.

Ohridnews