Средно училиште во западна Германија плаќа 500 евра на родителите за да ги запишат своите деца, бидејќи Германија се бори со една од најниските стапки на наталитет во Европа. На тој начин би требало да се зголеми бројот на ученици на возраст од 10 до 11 години во тоа училште во сојузната држава Рајна-Палатинат.
Училиштето, кое се соочува со противење на таа необична иницијатива, мора до крајот на февруари да има најмалку 51 регистриран ученик, а како што јавиле медиумите досега имале само 26. Директорот на училиштето Јирген Вебер изјавил дека не гледа што во целата постапка би можело да биде неморално, како и дека помеѓу останатото традиција е да се помага на учениците и родителите во купувањето училишна опрема.