Едно католичко здружение во Германија одлучило да го бојкотира Дедо Мраз, сметајќи го за симбол на потрошувачкото друштво кое нема никаква врска со изворниот лик на Свети Никола. На нивниот интернет сајт било наведено дека Свети Никола ги поттикнува луѓето на добрина, љубов спрема блиските и на дарување среќа, а не на неконтролирано трошење пари за купување подароци како што тоа го прави Дедо Мраз кој ја изгубил секоја христијанска вредност.


Дедо Мраз својот лик на белобрад старец во црвено одело го должи на американскиот карикатурист Томас Наст кој така го прикажал во 19 век, а потоа производителот на безалкохолни пијалоци „Кока Кола“ го популаризирал низ целиот свет.