Во туристичката понуда на еден од петте најголеми турооператори во Германија „Дертур“ Македонија е една од посакуваните туристички дестинации во 2007 година.

Пропагандниот материјал е печатен во половина милион примероци и се наоѓа во 1.200 продажни места колку што ги има оваа германска туристичка агенција во Европа и пошироко.

Ова е првпат по 15 години Македонија да се најде на страниците  на туристичките понуди на познатите светски туристички агенции, соопшти Асоцијацијата на хотелиерите на Македонија ХОТАМ.