Познатиот гитарист Ралф Док Хајне, кого уште го нарекуваат германскиот Сатријани, во петок ќе настапи на плажата „Cuba Libre“ во Охрид. Тој на брегот на Охридското Езеро доаѓа по настапот во скопскиот гитар бар „Лед Цепелин“, а предвидено е на македонската турнеја тој да одржи концерти и во Тетово, Штип и Струга, а завршниот настап ќе му биде во Скопје на отворено во населбата Карпош.

Настапите на германскиот Сатријани привлекуваат големо внимание, особено што покрај извонредно добрата свирка, тој редовно шподготвува изненадувања за публиката.

Настапот на Ралф Док Хајне на плажата „Cuba Libre“ започнува во 22 часот.

OhridNews