Одделот за деца при германскиот парламент со седиште во Берлин сака да покрене постапка за забрана на производството на киндер јајцата и останатите прехрамбени производи со играчка како подарок. Фабриката Фереро која се занимава со производство на киндер јајца од 1974, останала изненадена со овој предлог.


Како образложение за овој предлог се наведува претпоставката дека децата не можат да ја разликуваат храната од играчките. Одделот за сигурност и здравствени ризици на кои се изложени децата наведува дека треба да се забрани оваа комбинација на храна и играчки. Но сепак од одделот не го поткрепиле барањето со податоци за досега забележани несреќи.