Еден службеник на германската војска пронашол три куфери со вкупно еден милион евра кои пред два дена испаднале од транспортно возило на автопатот во Баварија и истите ги вратил во полиција. Идентитетот на пронаоѓачот не би соопштен, но рекле дека станува збор на службеник на германската војска на возраст од 41 година.
Парите биле пронајдени на автопатот во близина на градот Бад Кисинген. Очевидци изјавиле дека забележале воено возило кое запрело на патот, а возачот нешто натоварил во него. Полицијата го сослушала човекот кој ги вратил парите како би се утврдиле околностите.