Во рамки на проектот кој поддржан од Германското друштво за техничка соработка (ГТЗ), германските туроператори денеска престојуваат во Охрид. Тие утррово ги разгледуваа културно-историските знаменитости и имаа прошетка со брод по Охридското Езеро, по што се сретнаа со туристичките работници и претставници на градот.
Целта на проектот е германските туроператори да се запознаат со убавините и културно-историското богатство, како и со севкупната туристичката понуда на Македонија и земјите во регионот за што е изготвен и веб-портал www.balkan-schaetze.com на кој се претставени „Богатствата на Балканот“, вклучувајќи ги и туристичките понуди на агенциите од регионот.