На 18.04.2025 околу 12 часот во СВР Охрид е пријавено дека во водите на Охридското Eзеро, кај „Канео“, забележано е повредено лице кое потоа со пловен објект е пренесено на градското пристаниште, каде била повикана екипа на Итната медицинска помош.

Од преземените мерки, констатирано е дека се работи за М.Ј.Б.(24) од Германија кој, при скок во езерските води, се здобил со повреди, информираат од СВР Охрид.

На 18.04.2025 во 21 часот во СВР Охрид, било пријавено дека на ул.„Кеј Македонија“ во Охрид, мотоцикл со охридски регистарски ознаки, управуван од 15-годишник од Охрид, удрил во двајца малолетни пешаци и во 18-годишна девојка од Скопје, а потоа удрил во паркирано патничко возило „киа“ со охридски регистарски ознаки, по што го напуштил местото на настанот.

По преземени мерки од страна на полициски службеници, 15-годишникот е пронајден. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила една малолетничка од Охрид, а со телесни повреди се здобиле другиот малолетник од Скопје, девојката, како и мотоциклистот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид, велат од СВР Охрид.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.

OhridNews