Поранешен пилот од германското воено воздухопловство се извинил пред еден град во југозападна Англија кој го бомбардирал за време на Втората светска војна.

Вил Шудехер (87) потврдил дека во април 1942 година, учествувал во бомбардирањето на градот Бат, кој во тоа време имал 68.000 жители. Во текот на нападите погинале 400 луѓе, а 19.000 куќи биле потполно или делумично срушени.


Воениот ветеран од Келн во средата стигнал во Велика Британија каде се поклонил пред гробовите на жртвите од нападот на Бат, германска одмазда за бомбардирањето на Лубеск.

Шудехер имал 21 година кога учествувал во бомбардирањето. За време на целата Втора светска војна извел вкупно 120 напади и два пати е одликуван со германски медал за храброст, железен крст.