Сопственикот на германскиот овчар Флук наскоро ќе се најде пред суд во италијанскиот град Церигнола бидејќи неговиот љубимец „сексуално злоупотребил кучка против нејзина волја“.
Приказната за кучето – силувач на насловната страна ја објави италијанскиот весник Кориере дел Суд. Сопственичката на кутрата кучка од непозната раса, детално опишала како нејзината Киши ја искористил германскиот овчар.
Госпоѓата во својата изјава вели дека малата Киши во моментот на нападот била врзана, и неможела да се одбрани од надмоќниот мажјак, ниту да избега. Кога сфатиле што се случува, се обиделе да го избркаат германскиот овчар со полевање со ладна вода.
Кутрата кучка, вели нејзината сопственичка, беше обесчестена на брутален начин, без претходна предигра или заведување.
Киши, истрауматизирана била одведена на ветеринар, кој ги презел потребните мерки за да спречи несакана бременост.
На закажаното рочиште пред судот ќе се соочат оптужениот Флук и неговиот сопственик.