“Си го одзеде својот живот“, објавиле од компанијата на германскиот милијардер Адолф Меркли.
Мртвото тело на 74-годишниот богаташ е најдено во понеделникот вечерта, во близина на неговиот дом во Блауберн, на југ во Германија.
Поради големи проблеми, во кои западнал поради финансиската криза, се чувствувал слабо и немоќно, па одлучил сам да си пресуди.
Петтиот најбогат Германец (чие богатството е проценето на 7 милијарди евра), минатата година во преговорите со Фолксваген изгубил околу една милијарда евра и ја довел својата компанија во незавидна позиција.
Мерклеовата компанија држи повеќе компании, како фармацефтската компанија Ратиофарм, компанијата за градежни материјали Хајделберг Цемент и производителот на специјални возила Ксборер.
Последни во јавноста пристигнале вестите за договорот со банките кои на неговата компанија требало да и одобрат кредит од 400 милиони евра.