Во рамки на фестивалот „Охридско лето“, вечерва, се предвидени два концерта.

Во 20.30 часот во црквата Св.Софија, ќе настапат Сигнум саксофон квартетот од Германија,  кој го сочинуваат Блаж Кемперле- сопрано саксофон, Ерик Нестлер- алт саксофон, Алан Лузар- тенор саксофон и Гверино Белароса- баритон саксофон.

Во 22 часот на сцената на Долни Сарај концерт ќе одржи Гоце Стевковски септет од Македонија.

OhridNews