Беа посочени билатерални договори со други национални олимписки комитети, кои ќе треба да ни помогнат во ракометот, атлетиката, пливањето, тенисот,пинг-понгот,бадминтонот и велосипедизмот. Сашо Поповски, генералниот секретар на МОК најави сериозни подготвки на сите наши можни преставници на Игрите почнувајќи од ракомтетот.
– Ракометари ќе учествуваат на СП во јануари во Хрватска и ни даваат огромна надеж дека ќе се пласираат во Лондон. Во атлетиката, од 16 октомври исто така ќе се работи со германски експерти во Охрид, а за подоцна е договорено Јамајка да испрати еден свој спринтер да работи со младинските категории. Македонските олимписки кандидати во пливање ќе имаат можност да напредуваат во Украина и во Хрватска. Со Кина постои договор да ни помогне во пинг-понг и во бадминтон. Со Австрија е склучена соработка за помош на нашите тенисери. Меѓународниот олимписки комитет во Лозана уште од мај работи со нашите кандидати во велосипедизмот.