Германската полиција на сред ноќ уапсила сосема необичен престапник, односно крокодил кој се шетал по улиците во гратчето Грос Рорхајм во покраината Хесе. Полицијата во два часот утрото примила дојава од анонимно лице дека по улиците на градод се шета крокодил.


Иако мислеле дека се работи за невкусна шега, полициајците провериле и на пријавеното место забележале дека навистина има крокодил. Неколку часа подоцна ги пронашле и неговите сопственици, кои работеле во циркусот којмоментално престојувал во градот.