Соочена со недостатокот на германски овчари, полицијата во една покраина на западот од Германија, постепено ги заменува со белгиски овчари. Полицајците во покраината Северна Рајна-Вестфалија имале сопствена одгледувачница во која се повеќе имало белгиски овчари. Приватните одгледувачници не сакаат да ги продаваат своите германски овчари, бидејќи полицијата нудела по 2000 евра за куче, што е многу пониска цена од вредноста на тие кучиња.


Сепак, тоа не го намалувало квалитетот на германските овчари. еден од експертите за кучиња во полицијата изјавил дека и двете раси биле интересни и оценил дека полицијата на би требало да се потпира само на една раса кучиња. Во другите покраини на Германија полицијата и понатаму во големи мери набавува германски овчари, за што сведочат и огласите во публикацијата на „Друштвото на германскиот овчар“.