Германската дога Џорџ, која живее во американскиот град Тусон во Аризона, и официјално е прогласена за најголемо куче на светот.По повод свеченото прогласување, четиригодишниот Џорџ со својот сопственик долетал во Лондон и гордо се фотографирал со официјалните лица на Гинис и зачудените минувачи.
Висок е еден метар и девет сантиметри, мерено од шепата до рамото, а долг дури 2,2 метри и тежок 111 килограми. Месечно јаде околу 50 килограми храна, спие на голем брачен кревет и може да седи на стол исто како човек.