Германската армија се подготвува за евакуација на повредени Украинци, јави ДПА.
Специјален авион на воздухопловните сили Ербас А310 МедЕвак треба да лета од военото воздушно поле Келн-Ван до Жешов во југоисточна Полска и да транспортира деца и возрасни на лекување во Германија.
Тоа ќе биде прв лет за евакуација од почетокот на руската инвазија врз Украина.
Градот Жешов е на околу 90 километри од украинската граница. Во Германија веќе се лекуваат украински војници, но тие беа транспортирани на друг начин.
OhridNews