Германска судијка го прекинала судењето помеѓу два закарани соседи, бидејќи не можела да се воздржи од нивните глупости.
Откако ги исслушала соседите како почнала расправијата за јајце, поради кое си праќале писма со измет, судијката Бригит Копенхофер се борела да не „пукне“ од смеење. Но, кога ги слушнала детските навреди „смрден газ“ и „магарешка фаца“, излегла од судницата. Кога се вратила го отфрлила случајот.
– Во главно се занимавам со трговско право. Ова беше толку смешно што не можев да се контролирам – се правдала судијката.