Германската компанија „Fresenius Medical Care“ е заинтересирана да инвестира во македонските центри  за дијализа, беше истакнато на  тркалезната маса на тема: „Здравствениот сектор во Република Македонија – актуелни состојби и можности за германски инвестиции“, што  ја организираа Унијата на германските комори за индустрија и трговија и Македонско-Германското стопанско здружение.


Компанија Fresenius Medical Care има 2.553 клиники ширум светот и е светски лидер во областа на дијализата. Само во 2009 година имаат извршено 1. 895 милиони услуги во овој сектор. Намерата на оваа компанија е да инвестира или да се вклучи со јавно приватно партнерство во центрите за дијализа во Македонија.
 
– Компанија Fresenius Medical Care е светски лидер во областа на дијализата, со влез на оваа компанија на македонскиот пазар, не само што ќе се обезбеди подобар и подолговечен живот на пациентите,туку Македонија ќе прати уште еден сигнал до Европа, дека е земја во која сега е вистинскиот момент да се инвестира. Една голема инвестиција со себе носи и други помали инвестиции -вели Михаел Шмидт, директор на германското стопанство за Србија, Македонија, Црна Гора, Албанија и Косово.

OhridNews