Една женка од расата германска дога во ветеринарната клиника во Варшава со царски рез на свет донела 17 кученца. Медиумите пренеле дека одгледувачката на доги, Габриела Кубалска, сакала својата миленичка да ја поштеди од напорното породување.
Ханиа, германската дога стара 4,5 години во понеделникот се окотила прв пат. Кучињата се хранеле шест пати на ден. Имало осум машки и девет женски кучиња. Габриела моментално внимава на кучињата по 24 часа на ден.