Германка која пред 12 години била прогласена за исчезната е жива и здрава, во шума во кантонот Берн во Западна Швајцарија.
Германката (52) која последните години живеела во шума и релативно добро се чувствува, според полициски извори, била пронајдена од страна на случаен минувач.
Нејзиното престојувалиште кое било направено од шаторски крила, било толку мало што во него не можела да се исправи, а по се изгледа го направила сама.
Жената која во февруари 1997 година исчезнала во поранешна Источна Германија, не сакала да каже зошто живеела во шума, ниту зошто си отишла од домот не кажувајќи никому.
Како што наведува началникот на полицијата „се чини дека жената има полесни психички нарушувања и зборува за мисија која мора да ја исполни“.
Жената уште некое време ќе може да остане во своето скривалиште, бидејќи властите ја замолиле да го напушти местото. Ако тоа не го направи, социјалните служби ќе изнајдат за неа соодветно решение.