Германката Фреја Хофмајстер го завршила своето патување долго скоро 13 илјади километри, на кое за 332 дена ја обиколила Австралија со кајак. Поранешната бодибилдерка го подобрила досегашниот рекорд за 28 дена. Тој бил постигнат во 1982 година од страна на Пол Кафин од Нов Зеланд. Со овој подвиг станала само вториот човек кој успеал да ја обиколи Австралија со кајак.
Рекла дека е уморна, но и среќна што повеќе нема да мора да весла. На нејзиниот кајак останале две дупки кои биле направени од заби на ајкула. Патувањето го завршила во Куинсклиф, покрај Мелбурн, од каде и испловила.