Селекцијата на Германија е првиот финалист на 13-то ЕП кое се игра во Австија и Швајцарија.

Најголемиот фаворит според букмејкерите во фантастичното полуфинале ја совлада фанатичната Турција со 3-2.

Турците први дојдоа во водство преку Борал. На 1-1 израмни Швајнстангер. Мирослав Клосе ја искориси грешката на Рушту и на десет минути пред крајот го доведе “елфот“ во водство 2-1. Јунакот од мечот со Хрватска, Шентурк израмна на 2-2 на четири минути пред крајот. За прво финале по пауза од 12 години се погрижи Филип Лам во 90 минута поставуваќи ги конечните 3-2.

Вториот финалист ќе биде познат по второто полуфинале помеѓу Шпанија – Русија.

М.П.