90 години откако заврши Првата Светска Војна со Версајскиот договор, Германија плаќа репарации. Последните 56 милиони евра би требало да ги исплати до наредната есен, а во таа сума се вкалкулирани и камати. Германија исплатила 1,5 милијарди некогашни Германски Марки оштета до 1952 година, но тогаш исплатата била замрзната поради германското губење на територии во Втората Светска Војна.
Исплатите продолжиле по обединувањето на Источна и Западна Германија во 1990 година. Тие долговите мораат да ги исплатат во рок од 20 години.