Германскиот тенисер Михаел Штих, освојувач на Вимблдон, порано се бореше на тениските терени, а сега се бори против ХИВ. Имено, бившиот тенисер покренал провокативна кампања и ги шокирал луѓето со експлицитни фотографии кои симулираат сексуален однос.

На најпровокативниот плакат од кампањата, привлечна гола блондинка клечи пред гол маж и симулира орален секс со пиштол. Натписот под сликата вели: „Само 0.003 мм латекс лежи помеѓу животот и смртта.“


Целта на кампањата, која е креирана за фондацијата Михаел Штих, е да го подигне јавниот интерес за ХИВ и сидата во Германија. Оваа фондација им помага на децата заразени од овој подол вирус, а работи и на кампањи за превенција и едукација.


Михаел Штих

Кампањата предизвика сериозни критики. Ја осмислила агенцијата Јунг фон Мат. Некои сметаат дека пораките се сексистички и негативно ги прикажуваат жените, т.е. ги портретираат жените како единствени кои не размислуваат за сигурен секс.

С.К.