Ракометната репрезентација на Германија и го нанесе првиот пораз на македонската јуниорска репрезентација во четвртфиналната група на Светското првенство што се игра во нашата земја, трет севкупно.

Во салата „Билјанини извори“ синоќа, Германија убедливо ја совлада Македонија со 28_20 (14_10).

Нашиот тим беше рамноправен противник само во првите петнаесет минути кога резултатот најчесто бече израмнет, а еднаш имавме и водство од два гола разлика (3_1). До крајот на мечот германците со сигурна игра ја полнеа мрежата на домаќинот на првенството и само ја потврдија улогата на фаворит што им беше доделена пред натпреварот.

Македонија шансата за повисок пласман на СП ќе ја бара на преостанатите два натпревари од разигрувањето, против Египет (вторник 21_00) кој ја совлада Шведска со 28_25 и против Франција во среда која убедливо триумфираше над Кувајт.

Г. Момироски