Првиот автомат за продажба на злато бил поставен во Франкфурт. Поставен е на еден ден за тестирање. Но претпријатието кое ги произведува овие автомати планира многу наскоро да постави автомат на аеродромот во Франкфурт кој ќе биде во полна употреба. Автоматот е со големина на телефонска говорница а изгледа како златна полуга.
Поставен е бидејќи се поголем број Германци за време на економската криза паричните влогови сакаат да ги претворат во злато. Автоматот прима готовина и картички, а за златна плочка со големина на нокт се плаќа по околу 30 евра. Секоја златна полуга има сертификат за атентичност. Во Германија, Австрија и Швајцарија треба да бидат поставени 500 автомати.