Германските обвинители се сомневаат дека медицинскиот техничар, кој е на издржување на доживотна казна затвор за две убиства, убил над стотина пациенти. Хогел на пациентите им давал преголеми дози лекови за срце и други медикаменти, бидејќи „уживал во чувството дека е во состојба да ги оживее“.
Обвинителите и полицијата од Олденбурт сооптија дека ги завршиле анализите на телата на пациентите кои починале во времето кога Нилс Хогел работел како медицинсски брат во две локални болници и пронашле уште 16 сомнителни случаи.
Кон крајот на август тие објавија дека е утврдено дека Хогел убил 84 пациенти, покрај двете жртви за кои веќе е осуден на доживотна казна. Според најавите до почетокот на идната година се очекува да бидат покренати дополнителни обвиненија против него.