Како што пренесува 2Макфакс“, поради ваквата состојба, за следната недела закажан е состанок на германскиот министер за внатрешни работи со министрите за внатрешни работи на сите германски покраини.
На граѓаните од Македонија и Србија од декември минатата година не им се потребни визи за влез во повеќето земји од Европска Унија (ЕУ), но оваа можност не ја користат само како туристи, туку остануваат и бараат политички азил, пренесува Фонет.
Барање за азил поднесуваат најчесто Роми од Македонија и Србија.
Весникот „Шпигел“ пренесува дека бројот на барања постојано се зголемува, прецизирајќи дека српските Роми во јули поднеле 129 а во септември дури 800 барања за азил.Во истиот период, бројот на Македонци кои бараат азил се зголемил од 107 на 521.
Германските власти ги отфрлаат тие барања како неосновани, а министрите за внатрешни работи од германските покраини стравуваат дека би можел да се случи засилен бран емигранти на ромско население од југоисточна Европа, бидејќи од 15 декември ќе бидат укинати визите и за Босна и Херцеговина и Албанија.
извор: „Макфакс“