Германија, дом на четири милиони муслимани, ја доби првата банка која работи според шеријатскиот закон, јавува германското радио Дојче веле. Во Франкфурт е отворена КТ Банк АГ, подружница на кувајтско-турската Кувејт Турк банка, а филијали на КТ банката исто така се отворени во Мајнхајм и Берлин.

 

Исламот забранува наплатување на камата, па поради тоа исламските банки мораат пари да заработа на други начини, често со купување на недвижности и нивна продажба на перспективни купувачи во повисоки цени. Исламските банки припаѓаат на редот „етички банки“ кои не кредитираат произведители на оружје, цигари и алкохол. После отварањето на споментатите филијали, КТ Банк најавува проширување на работата и отворање нови во Келн, Дизелдорф и други градови.