Германската сојузна криминалистичка полиција BКА располага со 410 траги кои упатува на можни терористи меѓу бегалците, а полицијата поради тоа покренала 60 истраги над лица кои бараат азил, објави денеска весникот Neue Osnabruecker Zeitung..

„Имајќи ги предвид продолжувањето на миграцијата во Германија мораме да претпоставиме дека меѓу бегалците се наоѓаат активни и поранешни припадници, приврзаници и симпатизери на терористички организации или исламистички мотивирани воени злосторници“, пренесува весникот повикувајќи се на извори од BКА.

Германија последниот период се соочува со низа напади кои имаат терористички знаци, но властите и натаму се во дилема за што точно станува збор, наведувајќи дека некои од напаѓачите биле со нарушено психичко здравје. Полицијата наведува дека три од последните четири напади ги извршиле мигранти кои дошле во Германија како баратели на азил.

Нападот во баварскиот град Ансбах во кој вчера доцна вечерта беа ранети 12 лица, го извел 27-годишен Сириец. Станува збор за бомбаш самоубиец, а баварскиот министер за внатрешни работи Јоахим Херман смета дека тоа е „многу веројатно“ чин на исламистички тероризам.

Претходно во неделата попладнето 21-годишен сириски барател на азил во Ројтинлег со нож уби трудници а повреди уште четири други лица.

Во нападот со секира и нож 17-годишен Авганистанец во понеделникот, 19-ти јули, во Баварија тешко повреди пет лица, а уште 14 луѓе побараа лекарска помош. Авганистанецот, кој наводно во Германија дошол минатата година, пристигнал како бегалец без придружба од родители, патниците ги нападна во близина на Вирцбург во северна Бавараја.

Во нападот пред трговскиот центар на Минхен во петокот од 22-ри јули 18-годишно момче од иранско потекло од девет луѓе, а 16 лица рани пред да се самоубие.

Од BКА наведуваат дека бројката луѓе кои ја напуштиле Германија за да ѝ се придружат на Исламската држава пораснал од 800 во мај на 840 во јули, Од една третина кои се вратиле, околу 70 од нив учествувале во активните вооружени дејствија или минале борбена обука, пренесува весникот.

OhridNews
Извор:„Макфакс“