Брат и сестра од Германија, започнале многу контроверзна правна битка за озаконување на својата шестгодишна врска од која имаат четири деца. На уставниот суд ќе бараат да се отфрли законот по кој родосквернавењето е злодело.

Приказната на 29-годишниот Патрик и неговата 24-годишна Сузан Стубинг допира до едно од најголемите табуа на нашата цивилизација и наликува на античка трагедија. Патрик бил даден на посвојување кога имал 4 години и до полнолетноста не знаел кои му се биолошките родители. Ги пронашол во 2000 година, во Лајпциг – тогаш првпат  ја видел својата мајка и сестрата Сузан. Само шест месеци подоцна, мајката починала од срцев удар. Патрик и Сузан објаснуваат дека во тие моменти болката ги споила и работите едноставно се случиле.


„Ништо не можевме да сториме“, рекла Сузан. Од нивната врска родени се четири деца. Најстарото има пет, а најмладото година. Сите им се одземени , а две дечиња имаат психички тегоби заради крвното сродство на родителите. Од раѓањето на првото дете почнало и влечкањето по судови – Патрик поминал 10 месеци во затвор, откако судот го прогласил виновен за „незаконски коитус“ со сестра си.

„Да ни дозволеа да го задржиме првото дете и да живееме како семејство, нема да имавме повеќе деца“ – рекле. Патрик, невработен механичар, во меѓувреме се подвргнал на стерилизацијаи понатаму живее со сестрата. Нивниот застапник вели дека имаат шанса да победат на судот: како крунски доказ наведува дека законот не забранува на оние со наследни болести или постари лица да имаат деца иако во тие случаи има ризик од ментални и телесни деформации.

V-list

С. Костоски