Репрезентациите на Германија и Португалија ја отвораат четвртфиналната пресметка на ЕП. Во нокаут фазата веќе никој нема право на грешка. Еден од двата големи фаворити ќе оди дома. Кој ќе биде тоа, ќе дознаеме во мечот што се игра во терминот од 20:45ч.

За четвртфиналето важат стандардните правила. Во случај на нерешен резултат во регуларниот дел се играат продолженија 2х30м., а доколку и тогаш нема голови се изведуваат пенали. Иако Португалија беше мошне уверлива во натпреварите по групи, а Германија бркаше четвртфинале во последниот наптревар од разигрувањето, панцирите не смеат да се отпишат. Роналдо и Балак ќе имаат уште еден голем дуел сезонава. Претходните два ги доби португалецот, но во дресот на Челзи. Кој ќе се радува овојпат не може со сигурност да се каже, освен тоа дека не очекува тежок и неизвесен натпревар.

Ohridnews