Германија во понеделникот даде зелено светло за контраверзниот германско – индиски план за фрлање 6 тони железна прашина во океан кај Антартикот. Експериментот претставува досега најголем од таков вид, кој со помош на железна прашина би можел да го сопре глобалното затоплување по многу ниска цена.
Планот е, германскиот истражувачки брод ја расфрли железната прашина на површина од 300 квадратни километри. Научниците се надеваат дека алгите кои живеат на површината на океанот ќе го впијат железото и ќе почнат побрзо да се размножуваат, апсорбирајќи го јагленородниот диоксид од површината на водата. На крајот од својот животен циклус алгите венат и тонат. Така голем дел од јагленородниот диоксид ќе заврши во длабоките води или на дното од океанот.
Океанот апсорбира повеќе јагленородниот диоксид од воздугот и така го смалува ефектот на стаклена градина. Издвојувањето на јагленородниот диоксид на овој начин би можел да го сопре глобалното загревање, се надеваат научниците.