Во Германија денеска се одржуваат парламентарни избори на кои над 61 милион граѓани имаат право на глас. Тие ќе одлучуваат кој во следните 4 години ќе владее со оваа европска држава. Меѓу гласачите се и 1.300.000 гласачи со турско потекло, голем број Руси, Полјаци и Романци со германско државјанство, но и околу три милиони млади кои првпат се стекнуваат со правото на глас.
Во Берлин по денешното гласање најверојатно нема да има политички промени, не само кон европските теми, туку и кон актуелните глобални прашања. Доколку анкетите се точни, Ангела Меркел ќе го обезбеди своето место на чело на германската политика, во вкупно траење од 16 години.
OhridNews