Четиринаесетгодишен Германец, откако на возраст од 12 години ги уверил лекарите дека остатокот од животот сака да го помине како жена и почнал да прима хормонална терапија, се припрема за операција – менување пол, пренесуваат агенциите.
Имено, германските психијатри заклучиле дека чувството на момчето „дека е во погрешно тело“ е толку длабоко што навистина му треба лечење.
Регистриран како женско
Терапијата вклучувала „зауздување“ на пубертетските промени кај момчето со јаки хормонални инекции, потоа земање женски хормони, кои довеле до развивање женски атрибути. Некогашното момче денес и службено е регистриран како женско, изгледа типично за девојче од своја возраст. Сака да се пресели во Париз и да постане моден креатор. Родителите кои во почетокот мислеле дека нивниот син поминува низ привремена фаза, на новинарите им откриле дека со тек на време навикнале во него да гледаат девојче.
Шефот на германската клиника за детски и адолесцентски проблеми на идентитетот во Франкфурт, др. Берн Мејенбург во дијагнозата напишал дека „Ким е ментално добро развиено, среќно и урамнотежено дете. Неговата желба е јака и одлучна и би било многу погрешно да се допушти да израсне во маж.“ Др. Мејенберг нагласува дека ретко кога имал ваков „чист случај“. Досега процесот на промена на момчето во девојче се одвива успешно.
Иако промена на полот никаде во светот не е допуштена на деца помлади од 16 години, спрема германските закони промена на полот се допушта ако ја одобруваат два независни психијатри.
Сепак „Ким“ полниот орган ќе може да го преиначи хируршки дури откако ќе наполни 18 години, според законот.
V. List
С. Костоски