Германската фудбалска репрезентација мечот со македонската селекција во третата рунда од новите квалификациите за пласман на Светското првенство во Катар ќе го одигра во Дуисбург, на „МВС арената“.
Со потврдување на арената во Диусбург, Германија ги отфрли сите можности натпреварот да се игра во неутрален терен во друга земја. Ваквата опција постоеше поради ковид протоколите, кои ги има Германија при влез на жители од други земји.
Македонија новите квалификации за СП во Катар 2022 ги почнува на гости против Романија на 25. март, три дена подоцна го пречекува Лихтенштајн во Скопје, а потоа ќе гостува во Дуисбург против Германија.
OhridNews