Светскиот првак од 2014 година, селекцијата на Германија е најзвучниот ривал на Македонија во квалификациите за Мундијалот, кој ќе се одржи во Катар во 2022 година.

„Црвено жолтите“ покрај Германија, во ждрепката која се одржа онлајн, за противници ги доби уште Романија, Исланд, Ерменија и Лихтенштајн.

Квалификациите ќе се одржат во забрзан ритам и најкраток период до сега. Првите мечеви на програмата се на 24 и 25 март.

Само првопласираните селекции ќе обезбедат директно учество на Мундијалот, додека вторите ќе играат плеј-оф и тоа ќе мора да минат две рунди. Покрај десетте второпласирани од квалификациите, две репрезентации ќе обезбедат учество во плеј-офот и преку Лигата на нациите. Поточно двете најдобро рангирани во наредното издание на Лигата на нациите кои не се веќе пласирани на Светското првенство ќе учествуваат во полуфиналниот бараж.

Групите:

ГРУПА А: Португалија, Србија, Република Ирска, Луксембург, Азербејџан

ГРУПА Б: Шпанија, Шведска, Грција, Грузија, Косово

ГРУПА Ц: Италија, Швајцарија, Северна Ирска, Бугарија, Литванија

ГРУПА Д: Франција, Украина, Финска, БиХ, Казахстан

ГРУПА Е: Белгија, Велс, Чешка, Белорусија, Естонија

ГРУПА Ф: Данска, Австрија, Шкотска, Израел, Фарски Острови, Молдавија

ГРУПА Г: Холандија, Турција, Норвешка, Црна Гора, Летонија, Гибралтар

ГРУПА Х: Хрватска, Словачка, Русија, Словенија, Кипар, Малта

ГРУПА И: Англија, Полска, Унгарија, Албанија, Андора, Сан Марино

ГРУПА Ј: Германија, Романија, Исланд, Македонија, Ерменија, Лихтенштајн

OhridNews