Вечерва, на легендарниот „Вембли“ стадион во Англија извлечени беа групите за Европското првенство следната година. Прв пат во историјата ЕП ќе се одржи во 12 земји, а 13 градови ќе бидат домаќини.
Епитетот групата на смрта го доби групата Ф во која се наоѓаат актуелниот светски шампион Франција, бранителот на трофејот на ЕП Португалија и селекцијата на Германија. Последен учесник во Ф групата ќе биде победникот од Ф4 турнир во кој играат селекциите на Романија, Исланд, Бугарија и Унгарија.
Македонија ако го помине Косово и победи на гостински терен против Грузија или Белорусија ќе биде сместена во Ц групата заедно со Холандија, Украина и Австрија.
Премиерниот меч ќе се одигра во Рим на 20 јуни, додека полуфиналните натпревари и финалето ќе се игра на 22 јули на стадионот Вембли во Лондон.
Групите:
Група А: Италија, Швајцарија, Турција, Велс
Група Б: Белгија, Русија, Данска, Финска
Група Ц: Украина, Холандија, Австрија
Група Д: Англија, Хрватска, Чешка
Група Е: Шпанија, Полска, Шведска
Група Ф: Германија, Франција, Португалија
OhridNews