Германската ракометната репрезентација без ѕвездите од Кил ќе настапи на Мундијалот во Египет, кој ќе се одржи од 13 до 31 јануари, следната година.

Пивотот Патрик Винчек, Хендрик Пекелер и Штефан Вајнхолд ја искористија можноста од германската национална федерација „оправдано“ да отсуствуваат од Мундијалот. Тројцата наведоа „семејни причини“, иако, стравот од пандемијата на коронавирусот е голема.

Триото од Кил, после ослободувањето од обврските во националниот состав, комплетно ќе се насочи кон подготовка за завршниот турнир во ЛШ, кој ќе се одржи на крајов од годинава.

Покрај Винчек, Пекелер и Вајнхолд, отсуство од Мундијалот најави и Фин Лемке. Тој настапува за Мелсунген.

 

OhridNews