Репрезентацијата на Германија за прв пат во историјата се пласира во финалето на Светското првенство во кошарка што се игра во Филипини, Јапонија и Индонезија. Попладнево по европско време, во Манила, Филипини, Германија го совлада најголемиот фаворит на шамионатот, репрезентацијата на САД 113:11.

Германија преку САД во финалето на Светското првенство во кошарка

Германците имаа водство во текот на целиот натпревар. На неполни четири минути пред крајот водеа и со +12, но американците во финишот намалија на -1, по што следеше серија од 5:0 на германците која го одлучи мечот.

Во финалето на Светското првенство Германија, која е единствена непоразена репрезентација на шампионатот, ќе се сретне со Србија која денеска порано беше подобра од Канада 95:86.

Финалето на програмата е во недела во 14:30 часот по европско време. Претходно за трето место ќе се сретнат Канада и САД. Во сабота пак се играат натпреварите за 5 и 7 место во кои се среќаваат Литванија – Летонија, односно Словенија – Италија.

Г.М.