Германецот Дениз Ајетекин ќе биде главен судија на квалификацискиот натпревар на “Филип Втори“ меѓу Македонија и Белгија за мундијалот во Бразил 2014.


Ајетекин со знакот на ФИФА е од 2011 година, а на “Филип Втори“ помошници ќе му бидат Гуиди Клеве и Стефан Луп додека четврти судија ќе биде Марко Фритц.

Натпреварот од петтата рунда од мундијалските квалификации се игра в петок во 20:45 часот.

Мх.П.