Мајкл Лехбергер повикал брза помош поради проблеми со срцето, но како би го извадиле надвор морале да интервенираат пожарникарите, правејќи дупка на куќата. Тој имал околу 400 килограми, а бил превезен во болница благодарение на пожарникарите и багер со кој го изнеле.
Пред да го извадат од собата во која лежел и да го сместат во амбулантното возило, кое било наменето за четири лица, морале да направат дупка во ѕидот. Пожарникарите првобитно направиле скеле покрај куќата, за да го изнесат од собата, но тоа било премногу ризично за него.