37 годишен германец си го „испекол“ својот автомобил откако скарата што ја подготвувал на балконот за малку не се претворила во трагедија. Како би го запалил огнот, германецот на вжарениот јаглен капнал неколку капки бензин, но во моментот се створил голем пламен.
Неговиот пријател кој стоел покрај него од страв го испуштил канистерот полн со бензин. Се створил голем оган кој го зафатил автомобилот под балконот. Сем јагленисаниот автомобил и 30.000 евра штета, за среќа никој не настрадал.