Германскиот математичар Адам Рис, кој починал пред 450 години, добил писмо во кое се бара да го плати долгот за ТВ-претплата. Писмото стигнало на последната позната адреса на Адам Рис, во куќата која ја купил 1525 година во која сега се наоѓа неговиот спомен дом.


-Примивме писмо во кое се бара Адам Рис да го плати долгот за телевизиска и радио претплата. Писмото го вратив на испраќачите и објаснив дека господин Рис е починат неколку века пред да се измислени радиото и телевизијата, рекла Анегрет Минх, шефица на спомен-домот.

Ова не е прв пат да бидат испратени сметки од германската телевизија на мртви луѓе. Минатата година училиштето кое е наречено по Фридрих Шилер примило писмо во кое се барало Шилер да го плати долгот за телевизиска и радио претплата за својот дом.