Еден 30 годишен германец го запалил својот автомобил во центарот на Франкфурд, протестирајќи против поскапувањето на горивото, изјавила германската полиција.
Германецот рекол дека тоа го направил бидејќи повеќе не може да го користи возилото поради превисоката цена на горивото.
Тој, како што наведува германската полиција, го донел црниот автомобил марка BMW до зелената површина во центарот на градот, го полил со бензин и го запалил.
Полицијата на кратко го привела германецот, против кого можеби ќе биде покренато обвинување за кршење на законот за заштита на околината, рекол портпаролот на полицијата.