Германецот Мика Нот и Словенката Моника Бартол се лауретите на Европскиот триатлон куп за јуниори и јуниорки, кој денеска се одржа во Охрид.
Нот делницата од пливање (750 метри), возење велосипед (20 километри) и трчање (5 километри) ја мина за 56 минути и 49 секунди, додека на Бартол за поминување на истата патека и требаа 1 час, 3 минути и 32 секунди.
Второпласиран во машка конкуренција беше Италијанецот Алесандро де Ангелис со време 58:37, а трет финишираше Матео Пери од Италија со време 59:21. Со сребрен медал кај девојките се закити Италијанката Асија Меркатели која заврши со време 1:05:43, а со бронзен Словенката 1:06:16.
Покрај Европскиот куп во триатлон за јуниори и јуниорки се одржаа националното првенство и трката за рекреативци кои исто така привлекуваат големо внимание. Сите официјални резултатите можете да ги погледнете на следниов линк, тука.
Резултати:
Мажи:
1. Мика Нот (Германија) – 56:49
2. Алесандро де Ангелис (Италија) – 58:37
3. Матео Пери (Италија) – 59:21
Жени:
1. Моника Бартол (Словенија) – 1:03:32
2. Асија Меркатели (Италија) – 1:05:43
3. Тјаса Вртачиќ (Словенија) – 1:06:16
Михаил Постоловски