Прв пораз за македонската фудбалска репрезентација на домашен терен во квалификациите за Светското првенство 2022. Вчера во Скопје „црвено-жолтите“ беа целосно надиграни од фаворитот Германија која славеше победа со 4:0.
Гостите од самиот почеток покажаа дека на „Тодор Проески“ се дојдени со цел да се реваншираат за поразот во Дуисбург во март со 1:2. Сепак, по првото полувреме и покрај доминацијата на „панцирите“ резултатот остана оној почетниот, 0:0.
Головите беа постигнати во второто полувреме. Најпрво Каи Хаверц го отвори резултатот, а потоа два пати во листата на стрелците се запиша Тимо Вернер, за конечниот резултат да го постави Џамал Мусијала.
Со овој триумф, Германија (21 бод) го обезбеди првото место во Ј-групата и пласманот на Мундијалот во Катар. Македонскиот национален тим падна на 3. место со 12 бода, но се уште е со шанса за второто место кое води во баражот.
На другите две средби од 8. коло, Романија – Ерменија 1:0 и Исланд – Лихтенштајн 4:0. Романците се втори со 13 бода, Ерменците се четврти со 12, Исланд има 8, Лихтенштајн е последен со еден бод.
OhridNews